Причина за пожарот што синоќа избувна во закотвен хидроброд во  каналот Студенчишта според полицијата  е догорче од цигара. Во напуштениот хидроброд престојувал бездомник од Демир Хисар кој најверојатно заспал со запалена цигара. Благодарение на случајните минувачи кои забележале како од бродот излегува густ чад противпожарната единица реагирала навремено и спречена е поголема трагедија. Според Капетанијата напуштениот хидроброд е на кратовски „Силекс“. Toj немал дозвола и никогаш не пловел на Охридското Езеро. Хидробродот како и други напуштени пловни објекти во каналот сега се  собиралиште на бездомници, за што  е  известен и Центарот за социјални работи.

Последниот инцидент повторно го отвора прашањето за безбедноста на пловните објекти и проблемот со напуштените  и руинирани бродови кои наместо во старо железо завршуваат во каналот Студенчишта.

OhridNews