Министерството за образование и наука денеска во дневните весници го објави Конкурсот за запишување на учесниците во јавните средни училишта во Македонија во учебната 2007/2008 година.
Во наредната учебна година во земјава ќе можат да се запишат 31.536 ученици.
Во Охрид во трите јавни средни училишта се предвидува да се запишат вкупно 976 ученици, 408 во СУ “Св. Климент Охридски“, 340 во ЕМУЦ “Св. Наум Охридски“ и 238 во ДУТУ “Ванчо Питошески“.
Првиот уписен рок за запишување во средните училишта е во јуни.