Граѓаните на Република Македонија од 1 јануари 2010 година во земјите од ЕУ, потписнички на Шенген договорот, ќе патуваат без визи.

Оваа вест денеска на прес конференција ја соопштиja комесарот за проширување на унијата, Оли Рен и потпретседателот на ЕК и еврокомесар за правда , Жак Баро.

Без визи ќе може да патуваат само граѓаните кои имаат нови биометриски пасоши.

Одлуката ќе важи и за патување во Романија и Бугарија, кои икако не се потписнички на шенгенскиот договор, ќе ја почитуваат одлуката на Европската комисија. Одлуката за симнување на визниот режим ја поддржа и Грција.

Укинување на визниот режим денеска добија и Србија и Црна Гора.

Ohridnews