фото: ДИГИТАЛ ФОТО МИКИ
Меѓу добитниците на највисокото општинско признание кое традиционално се доделува на истакнати личности и институции за особени заслуги за развојот и афирмацијата на градот Охрид во Македонија и пошироко во светот, годинава е и нашиот интернет портал. „Ohridnews“е добитник на повелбата „Свети Климент Охридски“, а вакво признание добија и Анастасика Попоска, специјалист по ортопедија и професор на Медицинскиот факултет во Скопје, и веслачите репрезентативци Александра и Александар Иваноски.
На академијата свое обраќање имаше градоначалникот на Охрид, а свеченостите беа заокружени со настап на познатата етно група „Синтезис“, со која настапи и големиот музички талент од Охрид, Миланка Новеска.
фото: ДИГИТАЛ ФОТО МИКИ
Ф