Наградата Св. Климент Охридски оваа година рамноправно ја поделија Н.У. фестивал „Охридско лето“, здружението на граѓани „Богојавление“ и Велија Рамковски.
На церемонијата на доделување на наградите кои на добитниците им ги врачи градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, не присуствуваше претставник на фестивалот Охридско лето. Од име на здружението „Богојавление“ наградата ја прими Љупчо Арнаудов, а наградата му беше врачена и на сопственикот на А1 телевизија Велија Рамковски.
На свеченоста беа врачени и две повелби, на младата поетеса Христина Аслимовска, за неколкуте издадени книги и постхумно на Никола Манески, доајенот на охридското новинарство. Признанијата ги врачи претседателот на Советот, Душко Јаковчески, а повелбата за новинарот Маневски ја прими неговата сопруга Лола.
Свечената академија беше збогатена со пригодна културно уметничка програма.