Доделени субвенции за користење на терените на ЈП „Билјанини извори“ на спортски клубови, здруженија како и за спортски манифестации, информираат од Општина Охрид.

Средствата беа доделени врз основа на распишан Јавен конкурс на 10 јануари годинава за прибирање на барања за користење на средства од буџетот на Општина Охрид преку сибвенционирање на трошоци за користење на спортските терени на ЈП „Билјанини извори“. До крајниот рок за доставување на барањата до Архивата на Општина Охрид беа доставени 27 пријави, се вели во образложението на донесеното решение.

Добитниците на финасиски средства во рок од 10 (десет) работни дена од денот на објавувањето да се пријават во Секторот за спорт, млади и НВО за потпишување на договорите.

OhridNews