Доделени средства од програмата за спорт и рекреација од буџетот на Општина Охрид за 2022 година. Ќе се финансираат програми од спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации, спортисти и други правни лица од областа на спортот на територијата на Општина Охрид.

Градоначалникот на Општина Охрид донесе решение по јавен повик за распоредување на буџетските средства од програмата со што Општина Охрид ја изразува својата подготвеност за поддршка и развој на еден од најважните социјални елементи на нашето општество, спортот, се вели во соопштението од општината.

Поддржани се четворица спортисти индивидуалци, 34 спорстки клубови и здруженија и 28 баратели на средства за организирање на настани и манифестации.

OhridNews