На универзитетот Коламбија во Њујорк вчера беа објавени имињата на добитниците на престижната Пулицерова награда за 2012 година, која се доделува за 14 новинарски и 7 уметнички категории.

Во категоријата „јавни служби“ награден е весникот The Philadelphia Inquirer за истражувачка сторија за раширеното насилство во градските училишта со користење на „моќните печатени стории и видео материјали за расветлување на криминалот кој го вршат деца над други деца, а со цел да се поттикнат реформи коишто би довеле до унапредување на безбедноста за наставниците и учениците“.

Новинарите од весникот The Tuscallos од Албама се наградени за известувањето од ударната вест за „предприемчивото покривање на смртоносните торнада со користење на социјалните медиуми и традиционалниот облик на известување во пружањето ажурирани податоци во реално време, помагање при пронаоѓањето на исчезнатите лица, како и изнесување длабински анализи на настаните, дури и откакот прекинот на електрична енергија го принуди весникот на печатење во оддалечена печатница“.

 
За истражувачко новинарство наградени се новинарите Мет Апуцо, Адам Голдман, Ејлин  Саливен и Крис Хејвли од агенцијата Associated Press коишто открија програма за шпионажа на њујоршката полиција којашто ја следела секојдневната рутина на муслиманските заедници што резултираше со сојузна истрага, како и Мајкл Џи Беренс и Кен Армстронг од The Seattle Times за истражувањето на темата како малку познатото за јавноста државно тело во американската сојузна држава Вашингтон ги префрлало тешко болните пациенти од посигурни лекови на поевтиниот и поопасен метадон.

За разјаснувачко известување награден е новинарот Дејвид Коциниевски од The New York Times, чијшто новинар Џефри Гетлмен, пак, ја доби наградата за меѓународно известување. Коциниевски е награден за луцидните статии во коишто разоткрива на кој начин богатите граѓани и корпорации ги користат дупките во законот за избегнување на плаќањето данок, Гетлмен ја доби наградата, пак, за „живописните извештаи, честопати во животна опасност, за гладот и судирите во источна Африка, забаталениот но стратешки важен дел од светот“.

Пулицеровата награда за локално известување им е доделано на Сара Ганим и членовите на екипата на весникот The Patriot News од Харисбург во сојзуната американска држава Пенсилванија за „храброто разоткривање и стручното покривање на експлозивниот сексуален скандал во Пенсилванија во кој беше вмешан поранешениот рагби тенер Џери Сандуски“.

Наградата за национално известување му е доделена на Дејвид Вуд од The Huffington Post  за неговото „непоколебливо истражување на физичките и социјалните предизвици со коишто се соочуваат американските војници тешко ранети во Ирак и Авганистан“.

Пулицеровото признанани за репоратажа го освои Ели Сандерс од неделникот The Stranger од Сиетел во државата Вашингтон, за „потресните стории за жената којашто преживеала брутален напад во кој нејзиниот партнер го загубил животот“.

Во категоријата карикатура со којашто се илустрира воведник, Пулицеровата награда ја освои Мет Вуеркер од американската политичка новинска организација Politico со образложение за „секогаш свежите и забавни карикатури“.

Фоторепортерот Масуд Хосаини од француската новинска агенција Agence France-Presse (AFP) го доби престижното признание за „трогателната фотографија на распалкано девојченце по нападот на бомбаш самоубиец“ во преполното светилиште во авганистанската престолнина Кабул. Додека, пак, Крег Волкер од The Denver Post е добитник на признанието во истата категорија за „сочувствителната фотографска хроника на чесно отпушен воен ветеран соочен со тешкиот пострауматски синдром по враќањето во татковината од Ирак“.

OhridNews
Извор:Макфакс