Оваа година за првпат во шестгодишното постоење на Неделата на дизајн во Скопје (Skopje Design Week) воведени се награди за дизајн. Наградите се доделуваат во три категории, и тоа: најдобар студенски производ/прототип, најдобар млад бренд во подем и награда за најдобра презентација на компанија.

Награда за најдобар студентски дизајн –  дизајн на прототип ја освои Данијела Савиќ – студент на Факултет за арт и дизајн, Европски Универзитет на РМ. Наградата за најдобар млад бренд – бренд во подем ја доби брендот “ФОРМИ”, додека наградата за најдобра презентација на компанија учесник на Skopje Design Week ја освои
“SECURICOM”.

Наградите се официјално признание за вложениот труд, енергија и голема мудрост во своите производи и презентации. Компаниите и поединците кои се наградени оваа година се вистински пример за деловниот и дизајн-секторот, за тоа што е дизајн и како истиот се презентира пред пошироката јавност. –  изјави Зоран Једрејчиќ.

Следното издание на Skopje Design Week) ќе се одржи од 21 до 25 ноември 2017 година.

OhridNews