Во Општина Струга на покана на градоначалникот Рамис Мерко и иницијатива на Секторот образование и советот на општината, се одржа средба со директорите и најдобрите ученици од основните и средните училишта.

На истата градоначалникот им додели пофалници на најдобрите ученици на генерација за учебната 2021/2022 год. и ваучери како симболична награда за досегашните успеси и мотив за понатамошни успеси, информираат од општината.

Додaваат дека Општина Струга се гордее со успесите на секој ученик, класните наставници и училиштата.

OhridNews