Свечената церемонијата на доделувањето награди „Златен глобус“, кој асоцијацијата на странски новинари акредитирани во Холивуд го доделуваат за најдобар филм и телевизиска продукција, одржана е синоќа по 67 пат хотел во Беверли Хилтон во Лос Анџелес, Калифорнија.
За најдобар филм во категоријата драма е прогласен научно-фантастичниот „Аvatar“, за најдобар актер во иста категорија прогласен е Џеф Бриџис за улогата на кантри пејач во „Creazy heart”, а за најдобра актерка Сандра Булок во „Тhe Blind Side“.
Најдобро постигнување во категоријата комедија или мјузикл, е „Мамурлук во Лас Вегас“, најдобар актер во таа категорија-Роберт Дауни Џуниор за „Sherlok Haums“, актерката и Мерил Стрип за „Јулие & Јулиа“.
Признанието за најдобар режисер го прими Џејмс Камерон за филмот „Аватар“, а за сценарио Џејсон Рајтман и Шелдон Тарнер за „Up in the air“. Најдобар странски филм е германскиот „Бела лента“ на Михаел Ханеке, кој минатиот месец во Бохум е прогласен за најдобар европски филм.
Почесната награда „Сесил Б. Де Мил“ за животно дело му е доделена на режисерот Мартин Скорсизе.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com