Трагикомедијата „Самовилите на Инишерин“ (The Banshees of Inisherin) и серијата „Основното училиште Абот“ (Abbott Elementary) освоија по три „Златни глобуси“ на доделувањето што се одржа синоќа. Меѓу нивните одличја се и оние за најдобар филм и најдобра серија, соодветно, во делот „Комедија или мјузикл“.

Филмот „Самовилите на Инишерин“ го освои и „глобусот“ за најдобра машка главна улога (Колин Фарел) и најдобро сценарио (Мартин Мекдона).

Најдобра драма-серија, според Здружението на странски новинари во Холивуд (ХФПА), е „Куќата на змејот“ (House of the Dragon).

Полуавтобиографскиот филм на Стивен Спилберг, „Фабелманови“ ја освои наградата за најдобра драма и за режисер.

Признанија за најдобри глумци во бројните категории освоија и Остин Батлер („Елвис“), Кејт Бланшет („Тар“), Анџела Басет, Кевин Костнер, Зендеја, Еван Питерс („Драма“), натаму – Мишел Јео, Ке Хуј Кван, Тајлер Џејмс Вилијамс, Квинта Брансон, Џулија Гарнер („Комедија или мјузикл“) и други.

OhridNews