Со доделувањето на наградите на јубилејниот 20. Меѓународен фестивал за европски филм „Синедејс, е затворена официјалната конкуренција на фестивалот кој поради временските услови продолжува со програма уште денеска.

Од фестивалот информираат дека натпреварувачката програма на фестивалот ја следеше жири комисијата во состав, Славко Собин – актер, Зејнеп Атакан – продуцентка и Марисела Росети одговорна за LUX Award (Лукс награда).

 Нашите одлуки беа анонимни, но по гледањето на сите 9 филмови може да кажам дека можеше да победи било кој од филмовите, бидејќи сите завршиле одлична работа. Се надеваме дека ќе имаме прилика да гледаме уште многу ваши одлични достигнувања и во иднина и честитки до сите вас од нас тројцата, посочуваат од фестивалот.

Жирито одлучи да ги додели следниве награди: Во официјална селекција, награда „Златна ѕвезда“ за најдобар филм ја доби „Улиште“ (HIVE), во режија на Блерта Башоли.

Прекрасен филм и воодушевувачки начин на кој една вистинита приказна беше трансформирана на големо платно, со брилијантна, многу природна и лежерна глума, наведува жирито во образложение за филмот.

Во „SEE програмата“, награда „Златно сонце“ за најдобар филм доби филмот „Мир и хрмонија“ (It’s all about peace and harmony) од Несими Јетик, за што жирито наведува дека е многу моќен женски филм, што е навистина пријатно да се погледне во овие времиња.

На програмата на „Cinedays“, вечерва со почеток од 20:30 на POP UP локацијата кај езерце Градски парк ќе бидат кратките македонски филмови: Deaflands, Farmer’s Blues, Прашливи Цвеќиња, Експертот, Afterparty, PAWLAW, Паразит, Влакна, Letting Go, Карантин, Ритамот на падот, Валцер за 1. мај, Тhe New Beginning.

Еко програмата e поддржана од UNICEF и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка.

 

OhridNews