Доделувањето на наградите „Еми во Нокиа Театарот во Лос Анџелес беше обележано од серијата “Mad Man” и музичката хумористична серија “Glee” која освои три награди вклучувајќи ја и за споредна женска улога на актерката Џејн Линч и најдобар режисер на Рајан Марфи. Телевизиската серија “Mad Man” веќе трета година по ред е прогласена за најдобра драмска серија.


Филмот “Temple Grandin” кој обработува приказна за една жена која се бори со аутизам добил три награди. Клер Дејнс е прогласена за најдобра актерка, Џулија Ормонд за најдобра споредна женска улога и Дејвид Стратаирн за најдбра споредна машка улога. Главната машка улога ја освои Ал Пачино, додека Џорџ Клуни доби специјална награда поради хуманитарните акции за помош на жртвите на земјотресот во Хаити.