Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска свечено ги отвори јубилејните 20. Синдикални полициски игри во Охрид, организирани од Македонскиот полициски синдикат.
Како што соопшти МВР, полициските службеници се натпреваруваа во голем број дисциплини, како фудбал, одбојка, шах…
Првпат оваа година беше воведена и дисциплината пливање на 100 метри каде својата физичка кондиција ја проверија голем број полициски службеници и службенички од разни полициски единици, соопшти МВР.
Како почесен гостин на настанот присуствуваше и претседателот на државата Стево Пендаровски. Присуствуваа и претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев, и претседателот на Централниот европски полициски синдикат, Рикардо Валадас.
Златни медали за најдобри во машка и женска категорија добија Сандра Јованова од СВР Штип и Љупчо Узуновски од СВР Скопје, а им ги додели претседателот Пендаровски.
Министерот Спасовски ги додели сребрените медали на Фросина Милевска од Единицата за брзо распоредување и Стефан Цериќ – „САЕ Тигар“.
Третите места им припаднаа на Анита Трајковска – Секција на пензионери и Примислав Димовски – Интервентна полиција.
Синдикалните полициски игри се традиционален годишен настан на репрезентативниот македонски полициски синдикат каде се гради тимскиот дух, здравата компетиција и другарувањето како вредности исклучително важни за квалитетно извршување на полициската професија, инфомира МВР.
OhridNews