На пригодна свеченост пред седиштето на Црвен крст Охрид, со почитување на мерките за заштита од Ковид-19, денес беа доделени сертификатите на шестата генерација ученици кои успешно го завршија десеттото ниво, односно комплетната Бреинобреин програма. Покрај сертификатите децата добија и скромни подароци, а родителите не го криеја своето задоволство од видниот напредок кај своите деца, не само на интелектуален план туку и како хумани, толерантни и солидарни личности.
Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид е првиот франшизен центар во Македонија во кој веќе десетта година успешно се имплементира меѓународната Бреинобреин едукативна програма која кај децата од 4-14 годишна возраст дава можности за стекнување, развивање и потврдување на своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.
Уписите за нови ученици во есенскиот циклус се во тек.
OhridNews