На 60 матуранти од приватната гимназија „ Јахја Кемал“ во Струга, на пригодна свеченост што се одржа во нивна чест, им беа доделени дипломите за завршено средно образование.
Честитки за успешно завршеното средно образование и успех во понатамошното школување до матурантите упати менаџментот на гимназијата, како и професорите кои во изминатите четири години се грижеа средношколците што повеќе да го збогатат своето знаење.
Учениците кои го завршуваат своето образование во гимназијата „ Јахја Кемал“ се меѓу најдобрите студенти. Голем број од нив продолжуваат да се едуцираат во реномирани и познати унивезритети во земјава и светот.
OhridNews