Доделени дипломите и признанијата на најдобрите млади математичари од Охрид. На пригоден настан кој се одржа во големата сала на Општина Охрид, градоначалникот Кирил Пецаков упати честитки до сите наградени ученици со желби за уште поголеми успеси во иднина.

Општина Охрид секогаш ќе биде подготвена да ги поддржи и да ги мотивира сите ученици кои остваруваат исклучителни образовни успеси, како и сите активности кои придонесуваат за подобрување на условите во наставниот процес, потенцираше Пецаков.

Дипломи и признанија добија вкупно 54 ученици од сите нивоа на образование. Сертификати за успешно менторство беа доделени на сите наставници и професори кои биле анагажирани како ментори на наградените ученици, информираат од Општина Охрид.

Инаку, дипломите и признанијата се доделуваат од страна на Здружението на математичари од Охрид, врз основа на постигнатите резултати од регионален и државен натпревар по математика за учениците од основно и средно обазование за учебната 2021/2022 година.

OhridNews