Градоначалникот на Општина Струга , Зиадин Села, денес им  додели 40 решенија за легализација на бесправно изградени објекти од граѓани, кои претходно поднеле барање до Општина Струга.

– Сакам да упатам и апел до сите граѓани, кои имаат поднесено барање , да ги комплетират своите документи (најчесто елаборатите) со законски рок до крајот на 2015 година. Да ги комплетират документите и заедно да го завршиме целиот овој процес на легализација, рече градоначалникот на Општина Струга, Зиадин Села.

Градоначалникот објасни дека има околу 5000 барања за легализација, а во рамки на неговиот мандат се завршени 531 предмети. Околу 3 000 треба да се комплетираат до 2015 година и да се решаваат до 2016 година.

OhridNews