Светската хуманистичко-интелектуална елита на онлајн конференција на тема „Цивилизација на љубовта и носталгија за соединување“. На самата конференција беше врачена наградата за хуманизам за 2022 година на професор Далимир Хајко од Словачка. Хајко е светски познат филозоф, есеист, литертурен критичар и професор на Универзитетот од Жилина, Словачка.
Чест и задоволство ми е да ја добијам за оваа престижна награда и да се приклучам кон истакнатите добитници од минатото. Мојата најдлабока благодарност оди до Охридската академија за хуманизам, на меѓународното жири и неговите членови и на претседателот, што ме номинираа. Важноста на хуманзмот е можноста да создаде мостови над цивилизациите и културните различности. Само овие заеднички вредности можат да ги направат основите на хуманизмот. Акцентот на различностите го создаваат вистинскиот човечки свет. Но, луѓето се горди на различностите, рече во своето обраќање Хајко.
Статуата на Св. Климент на која е врежано името на Далимир Хајко и свечената плакета ги додели градоначалник на Општина Охрид Кирил Пецаков, кој рече дека му претставува голема чест и задоволство, уште на почетокот на мандатот како Градоначалник на Охрид да ја поздрави оваа светска елита која учествува на оваа меѓународна конференција.
Посебно ме прави горд што му ја врачувам Светската награда на хуманизмот за 2022 година на Далимир Хајко од Братислава, Словачка и со тоа долговековните духовни врски меѓу Македонија и Словачка, доживуваат една своевидна екслузивна круна, со која ќе се гордеат генерациите од далечното минато, до нашата сегашност и во далечната иднина. Името на Далимир Хајко стои заедно со нобеловците, Александр Солжењицин од Русија и Херта Милер од Германија, големиот заљубеник во Охрид Питер Брук, Претседателот на Интернационалниот пен центар Џон Ралстон Сол од Канада, Жан-Патрик Конрад од Империал колеџ од Лондон, Мануел де Оливеира, легендарен синеаст од Португалија, светската музичка легенда Рави Шанкар од Индија и многу други, со кои Охрид станува Светски центар на хуманизмот, рече Пецаков.
Додаде дека во преписката што Охридската академија на хуманизмот ја има со Далимир Хајко, овогодишниот лауерат изразил желба со бескрајна љубов да го посети Охрид, а како градоначалник и член на Претседателството на Охридската академија на хуманизмот свечено се обврзува дека, доколку условите на пандемијата дозволат, Далимир Хајко ќе биде специјален гостин на церемонијата на инаугуриурањето на Спомен-обележјето на светскиот хуманизам кое е планирано да се промовира на Св. Климент-летен, на 9 август.
Романо Проди, пак, поранешен претседател на Европската комисија, рече дека Европа не е само микс од повеќе земји, но исто така ЕУ за него е хуманизам.
Европскатата унија е унија на уметноста, не унија на големи сили. Мојата дефиниција за Европската унијата е унија на мнозинство во која секој има право на збор. И среќен сум што оваа година наградата ја добива Далимир Хајко, бидејќи доаѓа од не толку голема земја, но земја кај што бев многу пати. Имам порака во однос на процесот за интеграција на Северна Македонија во ЕУ, во насока дека процесот мора да се доведе до крај, мора да се почне што поскоро со интеграција на Балканските земји во ЕУ, рече Проди.
Меѓу годинешните учесници на конференцијата беа и Жан-Патрик Конерад, професор по физика на Империал колеџот во Лондон, кој е и претседател на Европската академија на науките, уметностите и книжевноста (ЕАСАЛ) и добитник на Светската награда за хуманизам во 2018 година, академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, Рикардо Брици, професор на Универзитетот во Болоња, Мартина Павликова, проректор на Универзитетот Константин Филозоф во Нитра, Словачка, проф. Роман Кралик од Универзитет за пријателство со народите во Русија (RUDN) од Москва, Теруко Јамазаки, поет и новинар од Токио.
Инаку, со доделувањето на ова исклучително признание, Охридската академија на хуманизмот го слави името на Св. Климент Охридски на сите светски меридијани, додека професорот Хајко е шеснаесетти добитник по ред.
OhridNews