Од скоро венчаните Џули Вилијамс и Дилон Холројд им дадоа ново значење на зборовите изговорени пред матичар:додека смртта не не раздели. Оваа двојка од Англија реши да се венча на сосема невообичаен начин, односно во „готски“ стил, па така младенците пред матичар стигнале во мртовечка кола.
Секако, оној кој не знае за што се работи, сигурно би помислил дека станува збор за погреб. 45-годишната невеста Џули, лежела во мртовечкиот сандак се до средбата со својот иден маж, 49-годишниот Дилон. Тогаш излегла од ковчегот облечена во црнина, наместо венчаница, а сопругот го однела пред матичар на ланец.
се венчале со погребни ритуали
„Сега цврсто го држам и никогаш нема да го пуштам“ изјавила Џули, која пријателките ја викаат Мортиша. Џули и Дилон се запознале пред многу години, но судбината ги разделила, и откако пак се сретнале, венчавањето во „готски“ стил за неа било нормална работа.
ohridnews
извор: Dailly mail