Додека граѓаните од земјава стравуваат како ќе ги платат високите сметки за енергенсите со кои се греат, нашите северни соседи отидоа подалеку во однос на размислувањата. 3500 станови распоредени на 80 000 квадратни метри во Сремска Митровица, идниов период ќе се греат на масло од сончоглед и отпад.

Од петокот, главната термоелектрана и „Панонска електрана“ кои што ги снабдуваат жителите на овој српски град со топлинска енергија, го ставија во функција новиот котел кој ќе работи на биомаса. Во наредните четири години, во осум топлани и термоелектрани низ Војводина, ќе бидат инсталирани повеќе вакви котли, со кои ќе се заштеди од 20 до 40 отсто енергија. Според најавите на претседателот на владата на Војводина, покрај енергетската заштеда оваа инвестиција ќе овозможи вработување на околу 50-тина граѓани.

Дали земјава ќе го следи примерот на нашите северни соседи никој не знае, но периодот кој претстои ќе покаже колку оваа новост е економско исплатлива.

OhridNews