Доброволци кои не сториле злосторство, овој викенд ќе го минат зад решетки, како би го испробале новиот затвор Беверен на северот на Белгија, известиле медиумите. Чувари, адвокати, судии и неколку новинари се согласиле на тестирање од петок до недела. Ноќевање во келија, прошетки, работа во кујна, телесно претресување, чистење… Сите тие во 48 часа ќе го проживеат секојдневието на затворениците како би ја испробале инфраструктурата на најновиот белгиски затвор кој почнува за работа за некој месец. По доаѓањето, „затворениците“ би требало да добијат одредена улога, самоубијци, побуненици, наркомани, која ќе ја играат до крајот на својот престој.
Често користен во Холандија, тој тип на тестирање е премиера за Белгија. Ќе овозможи да се провери, помеѓу останатото, дали се затвораат вратите на ќелиите како што треба, дали функционираат апаратите, пример за видео надзор. Затворот сака да ја испроба и „Prison Cloud“, нова дигитална платформа инсталирана во ќелиите која ќе им овозможи на затворениците следење на инлајн крусеви или нарачување пица во кантината. Резултатот од тестирањето ќе биде познат пред постепеното доаѓање на првите затвореници. До крајот на следниот месец затворот кој има 312 места ќе биде полн.