Мадона во Малави основала добротворна организација која требало да гради училишта, но менаџерите на организацијата потрошиле 2,4 милиони фунти без да постават темели на било која од зградите. Менаџерите биле отпуштени, а од организацијата на Мадона било потврдено дека моментално се откажале од изградбата на елитното училиште за девојчиња, кое требало да чини 15 милиони долари.


Менаџерите, кои биле задолжени за изградбата, парите ги потрошиле на плати, плаќање скапи станарини, членство во голф клуб, автомобили, плата за возачите на директорите на училиштето кое никогаш не било отворено и слично. Иако очигледно била изиграна, пејачката тврди дека не се откажала од планот да го изгради училиштето, и дека и понатаму ќе работи како би обезбедила подобра иднина за девојките од Малави.