Мадинскиот Совет од Охрид и Центарот за култура „Григор Прличев“ се организатори на добротворниот концерт што ќе се одржи на 6.05. (среда) во Центарот за култура со почеток во 19 часот.
Цената на влезниот билет изнесува 100 денари, а вкупната сума од влезните билети ќе биде наменета за набавка на работни материјали за реализација на дел од активностите на програмата за развој на креативноста кај младите „Млади креатори“. Интенцијата на овој Проект е младите креативци да се обезбедат со работилница за изработка на накит, фото работилница, литературен клуб и ликовно катче.
Во обезбедувањето средства за овој добротворен проект се вклучи и Општина Охрид со откупување на одреден број влезници за утрешниот концерт.