Ден по ждребката во Берлин, во Охридскиот АМАК СП , се средуваат впечатоците. Противникот  е фаворит на хартија. Според она што може да се види на официјалниот веб сајтот на клубот,  Златорог Лашко е редовен  учесник во европкуповите, а минатата сезона завршиле на 4 место. Поптреседателот на клубот Хиристијан Шапкар со оптимизам гледа на премиерниот евро настап.

Ждербката помина добро. Можевме да поминеме многу полошо. Според првичните информации кои ги имаме за Словенскиот противник е тоа дека редовно завршуваат во ТОП 5 во првенството, имаат поголема традиција но ние не се предаваме и ќе се обидеме да изненадиме..

За едни е предност за други негатива. Потпреседателот на клубот Христијан Шапкар смета дека мал хендикеп за охрѓани тоа што првиот натпревар го играат како домаќини.

Без разлика на се, ние ќе се прикажеме до добро светло. Словенците не се непобедливи, а што поголемо име толку поголем е  мотивот кај нас .

Ростерот на тимот не е затворен, доста извесно е во тимот да се врати американецот Вилјам О`Hил.

М.Постоловски