Репрезентативецот на Белгија Еден Азард ќе биде во комбинација и ќе конкурира за почетниот состав на Реал Мадрид за мечот со Борусија Менхенгладбах во втората рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони.

Францускиот стратег Зинедин Зидан го приклучи Азард во поширокиот список на играчи кои ќе бидат во протоколот за одигрување на официјален натпревар. Белгиецот сезонава нема одиграно ниту една минута, а освен повреди и отсуства, навивачите на Реал Мадрид немаат видено ништо друго.

Натпреварот помеѓу Борусија Менхенгладбах – Реал Мадрид на „Борусија Парк“ ќе се одигра утре (вторник) во 21 часот.

Во првата рунда Борусија Менхенгладбах ремизираше со Интер на Џузепе Меаца (2-2), додека „кралевите“ изгубија на домашен терен од Шахтјор Доњецк со 2-3.

OhridNews