Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги усогласи условите за продолжување на натпреварувањата согласно препораките од Комисијата за здравство и според протокол кој е прифатлив за здравствените државни институции и согласно тоа, викендот ќе продолжат натпреварите од Првата и Втората лига, – информираат од куќата на фудбалот.
Од таму додаваат дека веруваат во тимовите кои треба да се однесуваат максимално сериозно и професионално во однос на почитување на мерките и препораките од здравствениот протокол во услови на организација на натпреварите во време на криза предизвикана од пандемијата Covid-19.
Охридскиот фудбалски клуб во рамките од 10-та рунда во Втората лига силите ќе ги одмери со лидерот на табелата Гостивар. Мечот ќе се игра в недела во 13:30 часот.
OhridNews