Најдобар начин е да се обидете да заспиете во одредена положба, бидејќи телото полека ќе го навикнувате на новата положба на спиење, а по некое време тоа ќе стане положба во која ќе го поминете поголемиот дел од ноќта.
Најдобра положба: на грб
Спиењето на грб го поттикнува дотокот на крв во мозокот. Грбот, вратот и рамената се во неутрална положба, па така ќе ја намалите веројатноста од појава на болки во грбот. Дополнителна причина за спиење на грб е фактот дека ќе се спречи настанувањето на предвремени брчки, а градите ќе и се спротивстават на гравитацијата, што е желба на секоја жена. За жал, ова не е најдобра положба за луѓето кои што хрчат, бидејќи спиејќи на грб, нивното хрчење уште повеќе ќе дојде до израз, бидејќи јазикот се повлекува спрема грлото.
Добра положба: на страна
Луѓето кои што спијат на страна немаат причина за грижи, посебно ако спијат на левата страна. Освен што ќе се спречи хрчењето, ќе се смалат киселините кои може значајно да го нарушат квалитетот на сонот. Оваа положба е исто така добра за луѓето кои имаат проблеми со болки во вратот и грбот.
Експертите оваа положба им ја препорачуваат и на бремените жени, бидејќи вака нема преголем притисок на грбот. Спињето на страна ќе ја забрза циркулацијата.
Лоша положба: положба на фетус
Иако се чини удобна, оваа положба ќе го отежне дишењето и работата на некои органи. Виткањето на грбот и спуштањето на главата, може да предизвикаат болки во грбот, вратот и рамената, а по некое време и неправилно држење.
Најлоша положба:на стомак
Да се поминат осум часа лежејќи на стомак не е добро за вaшиот рбет, бидејќи се нарушува неговата природна положба. Голема е веројатноста дека наутро ќе почувстувате болки на подрачјето на целиот грб. Исто така, главата ќе ви биде завртена на една страна, што може да предизвика напнатост во мускулите на вратот и рамената. Спиењето на стомак создава дополнителен притисок на зглобовите и мускулите, што може да предизвика болки, трнење и вкочанетост на екстремитетите.
Извор:www.zenstvena.com