Охриѓани ја дочекаа Нова Година на спектакуларен начин. На Градскиот плоштад синоќа во 00ч. на преминот од Старата во Новата имаше најмалку 5 илјади луѓе. Иако беше студено расположение секако дека имаше кое кулминираше со големиот огномет на полноќ (во исто време и на врвот од Галичица, група алпинисти направија видлив огномет). Музичарите задолжени за „држење“ темпо професионално си го одработија своето, посебно добро беа прифатени „Агушеви“ точно на полноќ, кога сите воодушевено гледаа во небото уживајќи во извонредната глетка и „цупкајќи“ на ритамот. Камо среќа се`во градов да е вака организирано. Среќна Нова 2007.


И во кафулињата се славеше до доцна во ноќта

С. Костоски