Добре Петрески е избран за командир на Полициската станица-ПС, во Охрид. Тој денеска доби убедливо мнозинство на гласањето во Советот на Охрид. Советниците командирот на ПС Охрид го избраа со тајно гласање во кое кандидатурата на Добре Петрески ја подржаа 16 советници, еден глас доби Крсте Балески, третиот кандидат Јован Мургоски не доби глас, 6 гласачки ливчиња беа неважечки.
командирот на ПС се бираше со тајно гласање
Заблагодарувајќи се на подршката новиот командир на ПС Охрид, Петрески, истакна дека тесно ќе соработува со Советот и локалната самоуправа и рече дека неговите мобилни телефони ќе бидат достапни за нив 24 часа дневно. Петрески истакна дека ќе работи согласно законот и професионалните стандарди и дека цел ќе му биде реализација на програмата во која приоритетно место има намалувањето на криминалот.
вети транспарентност и борба против криминалот-Добре Петрески
Изборот на командирот на ПС Охрид мина со забелешка од неколку советници дека е прекршена процедурата бидејќи за предлогот не се изјасниле советничките комисии и дека е прекршен деловникот за работа на Советот.
Советот на општина Охрид за прв пат врши избор на командир на ПС, согласно новите законски прописи.
Г. Момироски