На северниот влез од Охрид поставена е табла „Добре дојдовте во Охрид“. Пораката е испишана и на англиски јазик. Со поставување на таблата влезот на Охрид конечно соодветно е означен. Таблата ја постави локалната самоуправа откако медиумите укажаа на проблемот со неозначените влезови. Од локалната самоуправа информираат дека за поставување на информативни табли, паткозаи и сообраќајни знаци пред влезовите е задолжено јавното претпријатие „Макеонија пат“, а за содржината на комерцијалните банери одлучуваат нивните сопственици. Поради тоа општината постави  соодветна табла на бул.„Туристичка“, на самиот влез од градот.


Табла „Добре дојдовте во Охрид“ на влезот од градот

Ohridnews