Новоформираниот Женски фудбалски клуб во Охрид „Интернационал“ го доби својот предводник, откако управата постигна договор со Добре Димовски.

Интернационал во името на Димовски ќе добие искусен стратег, кој ќе има задача да ги постави темелите во и на екипата. Димовски кој има над 100 мечеви како селектор е еден од главните виновници за развојот и популаризацијата на женскиот фудбал во Македонија.

После назначување на тренер, управата, активно ќе започне да ја засилува екипата која ќе се натпреварува од Втората лига.

OhridNews