Со воведувањето на овој метод износот на делот од добивката кој што правното лице го распределува за исплата на дивиденди на правни лица – резиденти на Република Македонија нема повеќе да подлежи на оданочување, односно оданочувањето на распределената добивка во вид на дивиденда ќе се врши на крајот, кај последниот даночен обврзник кој што распределбата на добивката ќе ја извршува спрема крајните корисници – физички лица (резиденти или нерезиденти на РМ), односно спрема нерезидентни правни субјекти, објаснуваат од УЈП.
Основна цел на законските измени е компаниите да ја задржат добивката во рамките на стопанската дејност, независно дали истата се задржува од страна на матичното правно лице или од страна на поврзаните друштва со истото, како и избегнување на досегашното повеќекратно оданочување на дивидендите при преносот на добивката од еден на друг правен субјект, односно помеѓу поврзаните лица – резиденти на Република Македонија, информираат од УЈП.