Во Велика Британија некој станал многу богат, бидејќи на европската лотарија „Евромилион“ е извлечена премија од 107,9 милиони фунти, што е четврта награда по освоената сума пари во историјата на британската национална лотарија. Засега не е познато дали тикетот го купил ппединец, група луѓе или некоја организација, а добитната комбинација била 6, 24, 25, 27 и 30, заедно со „броевите среќна ѕвезда“ 5 и 9.

Во Велика Британија од 2004 година, кога почнала „Евромилион“, во наградниот фонд се слиле повеќе од четири милијарди фунти. Рекордната добивка од 161 милион фунти ја освоил пар од Шкотска, Колин и Кристин Вир, на кои им се посреќило во јули 2012 година.