Џон Креницки заменик претседател на Управниот одбор на „Генерал Електрик“ до крајот на годината треба да ја напушти фирмата. Но без оглед на тоа тој и понатаму ќе добива $89.000 долари месечно од компанијата, пушува „Волстрит Журнал“. 

Ова е дел од таканаречениот „излезен пакет“ според кој Креницки не смее да работи за која и да е компанија која е конкурент на „Генерал Електрик“ било каде во светот во наредните три години. 
Ваквите договори не се непознати за извршните директори, а ова е само еден пример до кој степен одат компаниите за да ги заштитат своите тајни.
Слична е приказната и со Едвард Ханвеј бивш директор на една осигурителна компанија, која по напуштењето на фирмата му исплатила $110 милиони долари.