Еден жител на Шпанија освоил премија на лото од 9 милиони евра, но набрзо сфатил дека го изгубил добитното ливче. Во очај ги пребарал сите контејнери во неговиот кварт и успеал да го пронајде милионското ливче. Кога Игнасио Гонзалес сфватил дека на лотото биле извлечени неговите броеви, бил воодушевен, но многу брзо го фатила паника биејќи не можел да го пронајде ливчето. Комбинацијата ја изиграл заедно со своите пријатели.
Откако ја пребарал цела куќа, се досетил дека ливчето би можело да биде во ѓубрето, па на крајот ги пребарал сите контејнери во својот крај. За голема среќа “истражувањето“ по контејнерите му донело резултат. После цела авантура, Гонзалес признал дека најмногу се плашел од рекцијата на своите пријатели доколку не го пронајдел ливчето.