На прес конференција што утре ќе се одржи во зградата на Општината ќе бидат соопштени имињата на годинешните добитници на највисокото општинско признание „Свети Климент Охридски-Патрон на Охрид“.
Годинава за највисокото општинско признание, наградата и повелбите „Свети Климент Охридски“ пристигнале дваесетина апликации.
Претходно како што е најавено обраќање до јавноста по повод патрониот празник на Охрид ќе има градоначалникот Александар Петрески.