Добитниците на највисокото општинско признание, наградата „Св. Климент Охридски“-Патрон на градот и повелбата „Св. Климент Охридски“ за 2022 година ќе бидат објавени денес.
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков ќе го објави овогодинешниот добитник на наградата „Св. Климент Охридски“ – Патрон на градот, додека претставник од Комисијата за доделување на повелби ќе го објави овогодинешниот добитник на повелбата „Св. Климент Охридски“ – Патрон на градот, информираат од Општина Охрид.
Oпштинската награда – Патрон на градот „Св.Климент Охридски” се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Македонија и светот.
Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во равојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во Република Македонија и во светот, во период од една година.
OhridNews