Еден британско-ирски пар кој имал секс во такси во Дубаи бил осуден на три месеци затвор и депортација, јавил нивниот адвокат. Случајот бил последен во низата вo кој западните земји не реагирале на законите во Обединетите Арапски Емирати, што укажува на културните разлики во моментот кога земјата се обидува да пронајде рамнотежа помеѓу муслиманскиот идентитет и развивањето на огромната туристичка индустрија. Ребека Блејк и Конор Мекредмонд го отфрлиле обвинението и негирале дека сториле „непристоен чин во таксито“. Парот го признал делот од обвинението во врска со конзумирањето алкохол во јавност. Судот ги осудил на три месеци затвор и депортација, како и парична казна од по 817 долари, рекол нивниот адвокат, и додал дека ќе се жалат на пресудата.
Во последниве години во Дубаи биле водени повеќе случаи против жителите на западните земји кои биле обвинети дека ги прекршиле законите на Дубаи, најкосмополитската земја од сите земји на ОАЕ. Британски пар во 2008 година би прогласен за виновен поради пијана сексуална вонбрачна активност на плажа во Дубаи. Биле осудени на три месеци затвор, но после жалбата пресудата била променета. Две години подоцна, друг британски пар, бил осуден на еден месец затвор поради бакнување во ресторан.