Брачниот пар од Велика Дејвид и Кејтлин Лонг по вторно пат добиле награда од милион фунти на лотарија, иако шансите за такво нешто се еден спрема 283 милијарди, јавуваат британските медиуми. Семејството за прв пат истиот износ го добило на националната лотарија во 2013 година, но продолжиле да купуваат ливчиња и минатата седмица повторно ја освоиле премијата.

 

Дејвид, кој е пензиониран возач на камион, вели дека едноставно знаел дека еден ден редот повторно ќе дојде на него. Додал дека тоа сега се случило и навистина не можеле да поверуваат. Нивната прва добивка потполно им го променила животот. Конечно биле во можност да му помогнат на семејството, да купат нов автомобил, но и да се венчаат после 12 години врска.