Шансата едно семејство да добие два пара близнаци на ист датум е еден спрема 17 милиони, а токму тоа им се случило на Трејси и Давуд Бејџбан од Велика Британија. Двата пара близнаци ги добиле по природен пат, а нивното постигнување им обезбедило бесмртно место во Гинисовата книга на рекорди.


За споредба, ова семејство имало поголема шанса да ја добие главната премија на националната лотарија, со однос од еден спрема14 милиони. Близнаците ги добиле на 27 февруари. Први на свет дошле Диего и Арманија, а потоа близначките Долче и Елисија.