Иако тостерот сеуште се наоѓа на врвот на листата меѓу свадбените подароци, еден британски пар бил премногу изненаден кога меѓу подароците изброиле точно 24 тостери. Сепак подоцна востановило дека станува збор за шега која ја измислиле пријателите на сопругот за време на “момачката вечер“ на Ибица.
Парот наводно вратил 23 парчиња а еден задржале. Кога утрото после првата брачна ноќ започнале да ги отпакуваат подароците им станало сомнително зошто толку многу од кутиите имаат исти димензии. Набргу им станало јасно. Повеќето биле од марката Теско, и кога отишле да ги враќаат, вработените се изнасмеале.