Една французинка иве дена добила сметка за телефон која не би можела да ја плати ни една финансиски добро стоечка држава. Операторот “Buiges” на југозападот на Франција на една поранешна корисничка и испратил сметка во која, очигледно, дошло до голема забуна. После откажувањето на услугата на операторот, жената добила писмо со барање да ја плати сметката во износ од 11.721.000.000.000.000 евра, односно 11,7 трилиони евра.
Таа се јавила во сервисниот центар безуспешно, бидејќи и било речено дека сметките се издаваат автоматски и дека мора да го плати наведениот износ. Меѓутоа, портпаролот на операторот ја признал грешката и рекол дека износот кој треба да го плати изнесува 117,21 евра. Поради грешката до која дошло, операторот решил на жената да и ја прости и таа намалена сума.