Џенет Барет од Велика Британија, била збунета кога добила писмо старо 89 години кое не било наменето за неа.
Со писмото добила и извинување поради „малото“ доцнење од 89 години. Писмото не е за неа па се надева дека некој ќе го препознае името на мажот за кого било наменето, Перси Батеман.
„Не можев да верувам. Кој знае каде било сите овие години. Би сакала да го вратам на оној кому му е наменето“ – вели Џенет.
„Мил Перси, многу ти благодарам за поканата. Ќе дојдам со задоволство, Се гледаме на 26 декември. Буфи“ – пишувало во писмото.