Дебра Лоренчана, која работела во една банка на Менхетн, добила отказ поради тоа што со провокативното облекување ги вознемирувала колегите и на тој начин им ги намалувала работните ефекти. Самохраната мајка поради тоа ја тужела банката, која соопштила дека таа не била отпуштена поради тоа што била секси, туку поради тоа што лошо работела.
Дебра со тужбата го приложила и упатството за облекување, кое и било дадено од претпоставените. Станувало збор за список работи кои не смеела да ги облекува кога оди на работа. Кој е во право ќе одлучи судот во Њу Јорк.