Хана Купер, модна креаторка од Велика Британија, чии родители освоиле премија од околу 3 милиони долари си направила фустан од банкноти. Банкнотите биле лажни, но откако фустанот бил готов хана ги изброила банкнотите и заклучила дека на себе носи милион фунти.


Сите знаеле дека нејзините родители добиле на лото и стално ја прашувале за тоа. Помислила дека е забавно да направи фустан од банкноти. Прво морала да добие дозвола од англиската банка бидејќи копирањето пари е незаконско. Се надева дека фустанот ќе го претстави на некоја ревија.