За 60-годишната Бренда Бејли од Западна Вирџинија со право може да се рече дека е родена под среќна ѕвезда, бидејќи дури девет пати успеала да добие на игри на среќа. Редовно игра лото и купува лозови, но никогаш не ја добила главната премија.
Последениот пат, пред две седмици, освоила 7000 долари, а претставници од лотаријата соопштиле дека Бренда во последниве девет години заработала вкупно 165 илјади долари. Интересно е и тоа што таа не е единствениот среќник во семејството. Нејзиниот сопруг Ричард минатата година имал две добивки од вкупно 16 илјади долари.