Саманта Смит добила породилни болки во својата куќа во англискиот Дорсет. Нејзината мајка ја возела со автомобилот во болница, но бебето не можело да чека. Ќерката ја родила во автомобилот Киа Каренс.


Новопечените родители, Тони и Саманта, не се двоумиле ниту секунда околу името кое ќе го добие детето. Ја крстиле Киа по автомобилот во кој се родила. Нивните пријатели се шегуваат и велат дека имаат среќа што не морале да и дадат име како Шкода или Фолксваген. Киа дошла на свет две седмици пред терминот и била тешка 2,7 килограми.