Самуел Н., жител на Белгија, осуден е на условна казна затвор во траење од две години бидејќи ја малтретирал поранешната сопруга така што постојано и нарачувал пици на домашната адреса. Самуел во период од една година на поранешната сопруга и приредил вистински пекол. Освен што и телефонирал во секој период од денот и ноќта и и упатувал расистички навреди, тој и нарачувал и пици кои биле доставувани на нејзина адреса.
Иако не се наведува причината за неговото чудно однесување, се знае дека ова не му е прво „гастрономско злосторство“. Самуел веќе минал еден месец зад решетки поради кражба на колбаси во супермаркет. Освен условната казна затвор, судот му изрекол казна за забрана за приоѓање до домот на поранешната сопруга и испраќање било какви пратки.